Грчева и Буралиева од СДСМ се вклучија во работата на Собранието

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница го поздравија вклучувањето на пратеничките од СДСМ Солза Грчева и Љубица Буралиева во работата на парламентарните тела.

Според нив, ваквиот чекор треба да го следат и останатите колеги од опозицијата затоа што тоа е единствен начин за решавање на проблемите и спроведување на реформите.

Грчева стана член на Комисијата за европски прашања и образование и заменик член во комисиите за надворешна политика и за труд и социјална политика, а Буралиева е член на Комисијата за култура и локална самоуправа, како и заменик член во комисиите за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ljubica_buralieva2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.