Грчката крајбрежна стража спаси 52 имигранти

Грчката крајбрежна стража денеска во водите на Егејско Море спаси 52 имигранти, меѓу кои имало и 32 жени и деца, пренесе ДПА, објави МИА.

Имигрантите, кои пловеле со гумен чамец, се префрлени во центарот за сместување во градот Волос.

Сите 22 жени и 10 деца биле во добра здравствена состојба.

Полицијата не ја соопштува националноста на имигрантите, но голем дел од бегалците, кои во последно време пристигнуваат во Грција, доаѓаат од Сирија, каде веќе 3,5 години се води граѓанска војна.