Грчката крајбрежна стража спасила 97 имигранти

Грчката крајбрежна стража спаси над 90 имигранти, во близина на јужниот дел на земјата, откако нивниот брод доживеал хаварија поради лошото време, пренесе „АФП“.

„Вкупно 97 лица се спасени вчера, вклучително и тројца, кои се сомневаме дека се шверцери“, соопштил портпарол на крајбрежната стража, додавајќи дека сите се однесени во западниот град Пилос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.