Балкан

Грчката опозиција бара оставка од министерот Фаруфакис

Грчката опозиција бара оставка од министерот Фаруфакис

Дора Бакојани, влијателната пратеничка од главната грчка опозициска партија Нова демократија, побара министерот за финансии, Јанис Варуфакис да поднесе оставка, изјавувајќи дека тој „ е товар“ за владиниот кабинет и притоа го обвини за „поткопување на националните интереси на земјата“, соопшти весникот „Вима“, пренесува МИА.

Бакојани за локалната телевизија „Скај“ изрече тешки квалификации за Варуфакис, изјавувајќи дека тој ќе се повлече од функцијата ако има „и малку чувство за патриотизам“.

– Варуфакис е товар, зафатен е со нарцисоидност и живее со мислата дека е центарот на вселената…Најдоброто што може да направи е да поднесе оставка, за да му олесни на премиерот Ципрас, додаде Бакојани.

Грчката пратеничка, која во минатото беше министерка за надворешни работи, градоначалник на Атина и предводеше политичка партија, за „Скај“ изрази мислење дека Владата на Ципрас има можност да ја склучи спогодбата со кредиторите и да го обезбеди нормалното финансирање на Грција.

Таа, меѓутоа, смета дека премиерот Ципрас нема да отиде на нови избори за да излезе од сегашната тешка ситуација.