Грчки генерал на чело на Воениот комитет на ЕУ

Грчкиот генерал Михалис Костаракос, началник на Генералштабот на грчките вооружени сили е новиот претседател на Воениот комитет на Европската унија.

Како што јавува МИА, повикувајќи се на грчкиот весник „Етнос“, Костаракос на оваа функција е избран од началниците на вооружените сили на земјите-членки на ЕУ на вчерашното гласање во Брисел во рамки на состанокот на Воениот комитет на Унијата.

Мандатот на новиот претседател на Воениот комитет трае три години, а тој функцијата ќе ја преземе во ноември 2015 година.