Грчки медиуми: Атина посакува победа на Пендаровски!

Грција и Македонија ќе мора да се согласат како да го делат името.

Резултатот од изборите во Македонија не е охрабрувачки за Атина, која што би сакала победа на Пендаровски – со оваа јасна и директна порака грчите медиуми уште еднаш потврдија која политичка опција во Македонија му одговара на јужниот сосед.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчкиот онлајн медиум “Дифенс поинт“ во анализа посветена на изборите во Македонија пишува:

„Иванов е застапник на цврста позиција против Грција во однос на прашањето за името, за разлика од Пендаровски, кој што изгледа по помирувачки. Резултатите не се охрабрувачки за Атина, која што би сакала победа на Пендаровски”, коментира порталот.

Слична поставеност во однос на кандидатите и нивните партии има и во извештајот на грчкото радио „902“.

Информирајќи дека во кампањата на Иванов доминирало прашањето за името, радио „902“ за актуелниот претседател вели дека се појавува како чувар на името идентификувајќи ги своите позиции со оние на премиерот Груевски, што според радиото било „додавање нова вода на воденицата од иредентистичка пропаганда“.

Грчките медиуми и натаму како национализам, непопустливост па дури и иредентизам ги претставуваат заложбите на македонскиот државен врв за заштита на уставното име и идентитетот, наспроти кандидатот на опозицијата за кого велат дека е помирлив и флексибилен за името.

За двојните избори на 27 ми април грчките медиуми предвидуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Иванов.

„Удобната победа на Ѓорге Иванов во првата рунда на изборите не го најави само неговиот ре-избор за претседател на земјата, туку и убедлива победа на партијата на Никола Груевски на парламентарните избори за две недели”, се вели во анализата на „Дојче Веле“ на грчки јазик.

„Прототема“, пак, излезе со наслов „Претседателот Ѓорге Иванов е многу близу до втор мандат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.