Грчки медиуми: Детали за идниот предлог на Нимиц објавени во весник близок на СДСМ

Медијаторот Метју Нимиц сеуште нема доставено нов предлог за надминување на разликите со името ниту до македонската, ниту пак до грчката страна. Ова го пишува денешен „Катимерини“, додавајќи дека според дипломатски извори, медијаторот новата рунда разговори ќе ја закаже за крајот на октомври.

Како што јавува дописикот на Македонското Радио од Атина, веста за новиот предлог на Нимиц се актуелизира во Грција откако грчките медиуми ја пренесеноа информацијата на македонскиот весник „Слободен печат“, кој повикувајќи се на свои доброинформирани извори, објави детали од идниот предлог на Нимиц.

Според информациите на „Слободен печат“, пренесени од дел од македонските проопозициски интернет страни за вести, идниот пакет идеи на Нимиц предвидувал нашата земја да се нарекува „Република Горна Македонија“, јазикот Македонски, а народот да се именувал како граѓани на Горна Македонија.

Грчките медиуми информираат дека поголемиот дел од интернет страните за вести што ја преносоа информацијата на „Слободен печат“, вклучувајќи го и самиот весник, се блиски до опозициската СДСМ.

– Весникот „Слободен печат“ е близок до најголемата опозициска партија во Македонија, Социјал-Демократскиот Созуј на Зоран Заев, пишува весникот „Нафтемпорики“.