Грчки медиуми: „Турски тек“ причина за дестабилзација на Македонија

По обидот за државен удар и објавувањето на нелегално снимените телефонски разговори, намерата на СДСМ во соработка со дел од западните тајни служби да предизвика обоена револуција во Македонија, премина во нова фаза насочена кон дестабилизација на земјата.  Протестите и терористичкиот напад се дел од оваа фаза, а крајната намера е соборување на премиерот Никола Груевски од власт, со цел Македонија да се откаже од Турски тек.
Како што јавува дописникот на Нетпрес  од Атина, ваквиот развој и позадина на настаните кој што во континуитет се анализира од дел од странските новинари и експерти, се почесто може да се прочита и во грчките медиуми.
Весникот Имерсија пишува дека спротиставувањето на Вашингтон и Брисел на изградбата на гасоводот се очекува да се манифестира на многу начини и нивоа во транзитните земји.
Грчкиот левичарски информативен портал “Искра” пак, пишува дека крвавите инциденти во Куманово не треба да се гледаат како случаен инцидент и дека сето ова е дел од стратегијата за Македонија да се повлече од Турски тек.
“Се укажува дека албанските паравоени групи, кои што се движат во име на голема Албанија, се охрабрени од САД, кои што се чини дека го почнаа проектот дестабилизација на Балканот”, пишува порталот.
Порталот “Пентапостагма” пак, пред само два дена информираше дека концентрацијата и движењето на паравоените групи од Косово во Западна Македонија, укажува на тоа дека од оваа земја наскоро ќе има “вести”. Порталот пишува дека состојбата во Македонија е подготвена од  далеку и треба да се гледа во контекст на енергетската војна меѓу САД и Русија и фактот што гасоводот Турски тек ќе минува и низ нашата земја.
И весникот “Катимерини” неодамна излезе со тезата дека напорите за соборување на Груевски, според руски кругови, се со цел торпедирање на гасоводот Турски тек.
“Руските кругови велат  дека постои американски напор да се собори Груевски,  со помош на Заев и кругови од албанското малцинство,  за да го торпедира зародишот на гасоводот со рускиот природен гас, што е од особен интерес и за Грција”, пишува “Катимерини”.
 
 Со притисок за повлекување од Турски тек освен Македонија, се соочуваат и останатите транзитни земји. Грчките медиуми јавуваат дека Американците сакале да стават вето на грчкото учество во гасоводот, праќајќи го во Атина одговорниот за меѓународни енергетски односи, Амос Хочстејн, за да ја предупреди грчката владата дека учеството во Турски тек предизвикува незадоволство во САД. На прес конференцијата по средбата со Хочстејн, грчкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис порача дека Грција сака да стане плуралистички енергетски центар во регионот и да спроведува независна енергетска политика на повеќе нивоа, која што ќе се води исклучиво во согласност со грчките национални интереси и во корист на грчкиот народ.
Грчките медиуми јавуваат и дека промената на ставовите на српскиот претседател Томислав Николиќ кој што неочекувано почна да го проблематизира Турски тек, е резултат на притисокот на САД и интервенцијата на Германија.
“Ваквите проценки на аналитичарите се базираат на фактот што само три дена претходно, германскиот министер за надворешни работи беше во посета на Белград и се сретна со раководството на земјата. На состаноците тој ја пренесе јасната порака од германската канцеларка Ангела Меркел, што ја смени и официјалната позиција на Србија за прашањето со гасоводот”, пишува весникот “Еленики гноми”.
Дека последниот равој на настаните во Македонија го диригираат дел од западните сили, користејќи ја опозицијата и невладините ( соросови ) организации, беше потврдено и од официјална Москва.
„ Изборот на низа опозициски движења и НВО, инспирирани меѓу другото од Запад, во полза на логиката на улицата и познатото сценарио за „обоена револуција“,  е преполн со опасни последици”, се вели во реакцијата на руското МНР по повод терористичкиот напад во Македонија.