Грчки неонацисти протестираат пред судот во Атина

Започна судскиот процес против двајца членови на грчката неонацистичка партија Златна зора, за убиството на 27-годишен Пакистанец во Атина, а тоа предизвика протести пред грчкиот суд од страна на неонацистите, пренесе „АФП“ .

Доживотни казни затвор, можат да добијат 25-годишниот Дионис Лиакопулос и 29-годишниот Христос Стериопулос, ако бидат прогласени за виновни за убиството на Шехзад Лукман, извршено во јануари во грчката престолнина.

Двајцата беа уапсени неколку часа по убиството, соопшти полицијата.

Очевидец на убиството бил такси возач, според кој, двајцата насилници биле качени на мотор и зад грб го нападнале Пакистанецот, а потоа избеале.

При претрес во домот на Лиакопулос се откриени флаери на Златна зора. Двајцата мажи негираат дека се членови на партијата.