Грчки неонацисти се борат на страната на крајнодесничарски сили во Украина

Грчки неонацисти се борат на страната на крајнодесничарски елементи во Украина, пишува грчкиот весник „Имерисија“, повикувајќи се на репортажа на британскиот „Телеграф“.

Во репортажата на „Телеграф“ се тврди дека грчки неонацисти се наоѓаат во источна Украина и се борат на страната на крајнодесничарски елементи, кои го предводеа бунтот на Мејдан во Киев и доведоа до соборување на претседателот Виктор Јакунович.

Новинарот на британскиот весник се повикал на командантот на познатиот баталјон Азоф, кој изјавил дека во редовите на неговите борци имало грчки, ирски, италијански и скандинавски неонацисти, кои војувале против проруските сепаратисти.