Грчки пејачи се обиеле да прошверцуваат марихуана од Албанија

Пејачите Панајотис Маркупулос и Анастасија Вогијаѕи од Солун се уапсени во Албанија откако претходно се обиделе да прошверцуваат марихуана од земјата.

Во нивниот автомобил албанската полиција на граничниот пемин Какавија кај Ѓирокастро, отркила 63,5 килограми марихуана.

Маркупулос (27) и Вогијаѕи (30) во Албанија влегле во петокот за да настапат во диско во Саранда. На враќање се обиделе да прошверцуваат марихуана за Солун. Дрогата, спакувана во 95 пакетчиња, била скриена во повеќе делови на автомобилот.

И двајцата  често патувале во Албанија, каде имале настапи главно во Саранда и Ѓирокастро. Полицијата има докази дека тие и претходно шверцувале марихуана која ја криеле во музичките инстументи што ги користеле на настапите.