Свет

Грчки танкер нападнат во либиско пристаниште

Грчки танкер нападнат во либиско пристаниште

Две лица загинаа, а двајца се повредени при нападот на грчки танкер, кој пловел под либериско знаме. Танкерот, вкотвен во либиското пристаниште Дерна, бил нападнат од неидентификуван воен авион, соопшти грчката крајбрежна стража.

Танкерот „Араево“ сопственост на компанијата „Иџин шипинг менаџмент“ со седиште во Атина превезувал 12.600 тони сирова нафта. На танкерот имало 26 членови на екипажот, од кои 21 Филипинци, тројца Грци и двајца Романци.

Грчкото Министерство за трговска флота соопшти дека еден од загинатите е грчки морнар.

Се претпоставува дека нападот го извеле исламистички милитанти кои се борат за воспоставување на контрола на либиските пристаништа.

фото: BBC