Грчкиот долг може да се намали за 78 милијарди евра

Продолжување на рокот на отплата од 30 на 50 години на кредитите кои Меѓународниот монетарен фонд и еврозоната и ги дадоа на Грција, како и решение за намалување на каматите, би можело да доведе до намалување на долгот на Грција за 78 милијарди евра, се наведува во анализата на “Д3 банк”, објавена во “Зидојче цајтуг”.

Во истражувањето се вели дека доколку има нови кастрења на грчкиот долг, сумата ќе биде намалена за 40 отсто. Весникот наведува дека од 215 милијарди евра помош што ги доби Атина досега, 55 милијарди евра биле на германските даночни обврзници. Со следното намалување на грчкиот долг можни се загуби и од 22 милијарди евра за германската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.