Балкан

Грчкиот министер за енергетика во поста на Москва

Грчкиот министер за енергетика во поста на Москва

Грчкиот министер за реконструкција на производството, животна средина и енергетика Панајотис Лафазанис ќе разговара во Москва со руски претставници за сорабоката меѓу Грција и Русија во сферата на енергетиката, соопшти прес-службата на Министерството за енергетика, пренесува МИА.

Лафазанис заминува денеска во посета на Москва на покана на рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Тој утре ќе разговара со Новак за енергетски прашања со акцент на врските меѓу двете земји во сферата на енергетиката.

Лафазанис во Москва ќе се сретне и со претседателот на Газпром, Алексеј Милер, со претставници на Државната дума и на Владата.

фото: protothema.gr