Македонија

Грчкиот печат за посетата на Венизелос на Македонија

Грчкиот печат за посетата на Венизелос на Македонија

Грчките медиуми јавуваат дека шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос следната недела се очекува да ја посети Македонија, во рамките на тридневната турнеја низ регионот во својство на претседавач со Советот на министри за надворешни работи, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Венизелос ќе ги посети Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, а со посебен интерес се очекува неговата посета на Македонија, пишува весникот Етнос, додавајќи дека во Македонија ќе се разговарало и за проблемот што Атина го има со нашето уставно име.

„Ова е прв пат Венизелос да го посети Скопје како министер за надворешни работи. И покрај европската перспектива на соседната земја, очигледно е дека разговорите во Македонија ќе бидат фокусирани и на горливото прашање за името”, стои во анализата на Етнос.

Гестот на Венизелос е само маска за да се прикрие игнорантскиот однос на Самарас кој што не сака да се сретне со премиерот Груевски, сметаат познавачите на состојбите.

Аналитичарот Јоргос Пападакис неодмна анализираше дека на Венизелос не му мило што доаѓа во Македонија, но мора да одглуми пред Европската Унија дека Грција е наводно конструктивна.