Грчкиот суд ја забрани продажбата на Атинскиот водовод

Државниот совет на Грција оценил дека е неуставен планот за приватизација на претпријатието на Атинскиот водовод, сметајќи дека со тоа може да се загрози услуга од јавно значење, рекол еден извор од судот, пренесуваат медиумите.

Во одлуката  донесена минатата недела, највисокиот управен суд на Грција задолжен и за уставни прашања, навел дека „претварањето на јавното претпрпијатие во приватно, чија цел е профитот, создава неизвесност за континуитетот на понудата на пристапна и квалитетна јавна слуга. “

Грчкиот фонд за приватизација, кој е сосопственик на претпријатието EYDAP- Атинскиот водовод и канализација, планирал да продаде 34,033 отсто на приватни инвеститори, во склад со обврските кои грчката држава ги превземала кон меѓународните кредитори.

Да го избегне стечајот, Владата на Грција во замена за две програми кредитна помош – 2010 и 2012 година, дала ветување за продажба на претпријатијата, земјиште и јавните згради.

Во очекување на одлуката на државниот совет, кој ги проверува плановите на владата, грчките медиуми неодамна пишуваа дека продажбата на EYDAP би можела да донесе помалку пари од она што го очекува владата.

Предложената продажба на водоводните претпријатија на Атина и Солун на приватниот сектор е предмет на граѓанска тужба и се бара организирање на референдум со поддршка на локалните политичари, но тоа владатне го признава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.