Грчките анархисти извршија трет напад во Берлин

Грчката анархистичка организација „Заговор на јадрата на огнот“, стои зад нападот во Берлин, во кој беше запален трет автомобил на грчката дипломатска мисија.

Оваа организација во писмото, кое кружи на Интернет појаснува дека тоа е одговор на апсењето на нејзин приврзаник во Грција.

Грчките анархисти службеното возило на конзулот го запалиле на почетокот на неделата, пред неговиот стан, како што тоа беше случај и во претходните два напади. Во октомври 2012 година е запален автомобилот на грчкиот воен аташе во Германија, а потоа во април оваа година и возилото на претставничката на стопанското одделение на грчката дипломатска мисија.

Во писмото на германски јазик, кое од средата кружи на Интернет организацијата како причина за нападите во Берлин ја наведува ситуацијата, во која се уапсени нивните истомисленици.