Грчките авиодиспечери го откажаа штрајкот

Грчките авиодиспечери го откажаа планираниот тричасовен штрајк, соопшти Синдикатот на вработените во цивилната авијација, пренесува „ИТАР-ТАСС“.

Оваа одлука беше донесена откако Министерството за инфраструктура, транспорт и мрежи вети дека ќе вработи дополнително од 30 до 50 авиодиспечери. Според мислењето на синдикатот, тоа ќе го засили диспечерскиот систем на земјата и ќе помогне за нормализирање на работата на аеродромите во периодот на интензивниот туристички проток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.