Грчките болници немаат основни средства за работа

Болниците во Грција се соочуваат со недостиг од основни средства за работа како што се лекови, хируршки ножици, па дури и чаршафи, пренесе МИА, повикувајќи се на Тајмс.

Бројот на Грци без здравствено осигурување достигна 2,5 милиони луѓе во споредба со 500 илјади кои беа пред почетокот на економската криза во 2008 година. Инвестициите во здравството се намалени за 25 отсто од 2009 година.

Грција годишно обезбедува 11 милијарди евра за здравствениот систем и таа цифра ја прави една од државите со најмали вложувања во таа област.

Дел од грчките медиуми јавуваат дека во одделни болници се враќаат пациенти со образложение дека нема основни средсва за работа меѓу кои и апарати за мерење крвен притисок.

Во еден случај од пациент било побарано да донесе од дома и чаршафи.

Хирург на обука во државна болница во Атина ја опишал состојбата дека е „пред експлозија“.

– Нема пари за ремонт на медицинската апаратура, нема пари за бензин на возилата за итна медицинска помош, нема пари ни за медицински сестри ниту пак за купување модерни хируршки апарати, вели лекарот за Тајмс.

Во април новата влада вети дека ќе се справи со несоодветните услови во државните болници и со корупцијата во здравствениот сектор. И покрај проблемите поради недостиг од пари, грчките власти ја укинаа задолжителната такса од пет евра за преглед во државни болници и ветија вработување на нови 4.500 здравствени работници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.