Грчките фармери повторно штрајкуваат

Фармерите во северна и централна Грција ги блокираа патиштата во знак на протест по неуспешните преговори со Владата, пренес „Грик репортер“.

Фармерите ги блокираа патиштата во областа Тесалија, попречувајќи го движењето по главните патишта во регионот. Вчера напладне нивните колеги фармерите во северна Грција, поставија блокада на автопатот „Игнација“, формирајќи човечки кордон.

Земјоделците ги повикаа сите грчки граѓани да се приклучат кон нивното движење. Покрај тоа, фармерите објавија дека во среда на 19 февруари, ќе одржат јавен протест, во рамките на кој е предвидена поворка во центарот на главниот град Атина.

Протестот е насочен кон Владата за тоа дека не ги задоволува барањата на секторот, што земјоделците ги дефинираат како витални за своите активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.