Грчките медиуми и понатаму напаѓаат: Груевски бил диктатор на чело на арогантна влада

Зоран Заев и случајот Пуч и натаму во фокусот во грчката јавност, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
И покрај турбулентниот постизборен период во Грција, кривичната пријава за опозицискиот лидер веќе трет ден е една од топ темите кај јужниот сосед. Речиси нема весник и интернет портал што не одвои значителен простор за оваа тема, а во коментарите и натаму доминираат жестоки критики за премиерот Груевски и одбрана за Зоран Заев.
Груевски бил диктатор кој што сонувал за македонизам и неговата влада била арогантна – порталот Defence point е еден од оние што не штеди на зброви во обидот да се маргинализира случајот Пуч. Грчкиот портал открива дека според извештаите на македонските медиуми постои сомневање дека Грција стои зад акцијата на Заев, а за ова и се останато го обвинуваат премиерот Груевски.

„Актуелниот премиер Никола Груевски, предаден на ароганцијата и со јасна намера да ја втурне пј Р Македонија во  неконтролиран и опасен национализам, не се двоуми во обвинувањата против Грција”, се вели во коментарот на грчкиот националистички портал.

Тие и вчера излезегоа со коментар дека Груевски однесувајќи се како диктатор, го гонел политичкиот опоненет.
Освен порталот Defence point, со коментари во насока на маргинализација на случајот Пуч преку напад на Груевски и одбрана за Заев излегоа и грчкото издание на порталот Еуроактив, онлајн магазинот за дипломатија и стратегија Via Diplomacy и интернет страната за вести OnAlert. Тие коментираа дека прогонот на Заев наводно ја загрозувал безбедноста на земјата, дека шпионската афера била обвиткана во теории на заговор, како и тоа дека Западот наводно не ги прифаќал аргументите на македонскиот премиер.
Јужниот сосед и СДСМ беа на слична линија и во обидот за маргинализација на аферата Шпион. За оваа шпионска афера грчки владини извори за Катимерини тврдеа дека истата била фабрикувана од страна на македонска Влада, а како аргументација во полза на ова тврдење весникот го цитираше речиси идентичниот став на СДСМ.
Интересна синхронизација имаше и во периодот кога СДСМ ги правеше инцидентите во и пред Парламентот пред повеќе од две години. Тогаш извори од грчкото министерство за надворешни работи брифираа грчки медиуми дека имаат стратегија за успешно справување со прашањето со Македонија на меѓународна сцена, а дека прва точка од таа стратегија е внатрешно-политичката состојба во Македонија.