Македонија

Грчките тајни служби можат во еден момент да следат околу 6.000 мобилни разговори

Грчките тајни служби можат во еден момент да следат околу 6.000 мобилни разговори

Експертот по меѓународно право, Александар Даштев, за време на неговото гостување во вестите на Сител телевизија посочи дека сите аналитичари и експерти претпоставуваат дека се работи за грчката тајна служба во случајот „Пуч“.

– Вчера бевме сведоци имаше информации на интернет дека грчката тајна служба користи 130 милиони евра годишно само за разузнавање во Македонија, дел од тие пари веројатно најголемиот дел одат за снимање и за такви активности, меѓутоа можеби одат и за лобирање, потенцираше Даштески.

Според некои проценки на експертите грчките тајни служби имаат капацитет во еден момент да следат околу 6.000 мобилни разговори, дa контролираат од 60 до 80 мобилни станици, како да надгледуваат 2.000 интернет, СМС и факс комуникаци,

– Тоа се одредени грешки на Македонија во минатото, кои Грција паметно ги искористи, и отстапувањето на Македонија и прифаќањето на ФИРОМ, па сега што прават тие бараат промена на име, бараат промена на идентитет. Тоа се тие сериозни опасности кои можат да и се случат на Македонија, доколку Грција дојде до човек кој може да го направи тоа, спротивно од нашите интереси, заклучи Даштески.