Грчките затвореници започнаа штрајк со глад

Грчките затвореници започнаа штрјк со глад во знак на протест поради плановите на Владата за изградба на затвор со максимален степен на безбедност и бараат подобрување на затворските услови.

Во штрајкот со глад учествуваат затвореници од 13 казнено поправни домови.

Полицијата во Атина синоќа приведе околу 50 луѓе кои сакале да организраат протест пред резиденцијата на премиерот Андонис Самарас против плановите на Влада за изградба на нов затвор.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.