Грчките здравствени работници започнуваат 24-часовен штрајк

Лекарите и медицинскиот персонал ширум Грција денеска почнуваат 24-часовен штрајк поради неисплатените прекувремени работни часови, а исто така и поради катастрофалната состојба на државниот здравствен систем и недостиг на финансиски ресурси.

Штрајкот ќе започне со собир пред зградата на Министерството за здравство во Атина, пренесува МИА.

Здравствените работници бараат од властите итни мерки за вработување на дополнителен персонал во државните болници и медицински центри, обезбедување финансиски средства од државниот буџет и исплаќање на прекувремените работни часови.