Грчко државјанство за децата на мигранти кои се родени или пораснале во Грција

На сите деца на мигранти кои се родени и пораснале во Грција ќе им се даде грчко државјанство, соопшти грчката заменик-министерка за миграциска политика Тасиа Христодулопулус, јави дописникот на МИА од Атина.

– Сириза вети дека ќе им даде грчко државјанство на сите деца кои се родени и пораснале во Грција, таканаречената втора генерација мигранти, изјави заменик-министерката.

Таа додаде дека сите тие деца кои не знаат за друг дом, „дури и оние кои не се родени тука туку дошле во Грција многу мали, оделе и завршиле училиште во Грција“.