Грчкото МНР со осуда на текст објавен во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“

Грчкото Министерство за финансии синоќа го осуди текстот во неделното издание на германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, оценувајќи дека со него се поткопуваат преговорите што се во тек, пренесува МИА.

Министерството остро критикуваше напис во весникот во кој се вели дека во Грција нема никакви поместувања по прашањето за структурни рефрми.

– Кој и да го чита написот ќе биде изложен на притисок да го одобри насловот, или со содржината на текстот, соопшти Министерството.

Европските партнери и дадоа на Грција рок до 20 април да подготви список со прифатливи реформи во замена за последната транша, која ќе и биде испратена преку програмата за меѓународна помош, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Според весникот, овој датум е единствената можност за да можат кредиторите на Грција да имаат време да ги разгледаат предлозите за реформи на Атина пред средбата на Еврогрупата во Рига на 24 април.

Атина одбива да прифати намалување на пензиите и платите, и поради таа причина преговорите за грчкиот долг се без успех.

Грција очекува од август исплаќање на 7,2 милијарди евра европска помош. Тоа е последната рата од меѓународната помош за земјата во износ од 240 милијарди евра, кои се одобрени во 2010 година во замена за драстични реформи

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.