Балкан

Грчката администрација штрајкува

Грчката администрација штрајкува
Грчката администрација штрајкува

Државниот сектор во Грција денеска е блокиран заради 24-часовен штрајк на вработените по повик на нивниот синдикат. Тие ќе протестираат против новите економски мерки за кои оваа недела беше постигнат договор во Брисел.

Грчкиот парламент денеска ќе гласа за тие мерки со кои е обврзан нов тригодишен заем за Грција.

Државните болници денеска ќе укажуваат помош само на итни случаи.Во предупредувачки штрајк излегуваат и фармацевтите.

Синдикатот нагласува дека новит договор е антинароден и бараат документот да не се гласа во парламентот како и да бидат спречени сите рестриктивни политики.