Грција апелира до ЕУ итно да испрати припадници на Фронтекс

Грција на економските мигранти им издава лажни документи!?

Грција апелираше до Европската унија итно да испрати припадници на пограничната полиција, кои би помогнале во контролата на нејзината поморска граница со Турција, пренесува MИА, повикувајќи се на Танјуг.

Исто така, Грција од ЕУ побара да испрати шатори, генератори и прва помош за пристигнувањето на бегалците, како и агенцијата на ЕУ за контрола на границите Фронтекс да помогне во регистрацијата на мигранти на границата на земјата со Македонија.

Се надеваме дека ќе забележиме конкретен, видлив напредок на терен, порача потпаролот на Европската комисија Маргаритис Шинас.