Грција бара нови можности за увоз на гас

Грција бара „алтернатива“ за доставата на природен гас во зимските месеци во случај Русија да ја запре дистрибуцијата поради случувањата во Украина, објави „Форбс“. Грција 60 проценти од потребниот гас го снабдува од Русија.

„Грција како надвор, така и во сопствената држава бара можност за нови договори за увоз на гас, а исто така се ориентира и на домашното производство“, истакнува „Форбс“.

Весникот наведува дека Атина најверојатно ќе стави акцент на доставите на природен гас од Азербејџан и покрај порастот на домашните резерви на гас.

Грчкиот министер за енергетика Јанис Маниатис минатата недела испрати писмо до еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер со брање Атина да добие гаранции дека Грција нема да биде лишена и ќе го добие потребното количество на природен гас во случај на успорување или запирање на увозот од Русија.