четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 76

Грција бара „план Б“ за бегалците

beg'

Последни вести

Европската Унија треба да подготви резервен акциски план во случај Турција да се откаже од исполнување на обврските од спогодбата со ЕУ за бегалците, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас во интервју за германскиот весник „Билд“.

-Ние сме вознемирени од изјавата на турските политичари. Во секој случај имаме потреба од „план Б“, изјави  Музалас, пренесува МИА.

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу претходно изјави дека доколку ЕУ не ги укине визите за турските државјани, Турција ќе се откаже од договорот за запрорање на бегалскиот прилив, што беше постигната во март.

Како што јави ТАСС, ваквата изјава дадена во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, од европските политичари беше доживеана како изнудување.

Спогодбата на ЕУ со Турција помогна за нормализирање на ситуацијата со бегалците во Европа. Претходно мигрантите по море пристигнуваа до Грција и на тој начин потоа доаѓаа и до Европската Унија. Потоа властите во Анкара се договорија со Брисел да ги задржат мигрантите, но во замена за ова побараа шест милијарди евра и либерализација на визниот режим. ЕУ, меѓутоа, не брза со укинување на визите за Турците инсистирајќи на исполнување на поставените услови.

Музалас повика и на „почесно распределување“ на бегалците во Европа, откако некои земји, како Унгарија и Словачка, одбија да се вклучат во системот на квоти за прераспределување на мигрантите во ЕУ.

-Бегалците треба да бидат распределени во сите земји од ЕУ, а не само во одделни земји, рече грчкиот министер.

Најчитани вести