Балкан

Грција денес треба да исплати 3,5 милијарди евра

Грција денес треба да исплати 3,5 милијарди евра

Грција, која се наоѓа во опасност од банкрот, денеска треба да се исправи пред уште едно сериозно задолжување откако заврши важноста на издадените обврзници, во вредност од 3,5 милијарди евра, што беа држани од Европската централна банка (ЕЦБ), информира ДПА.

Владата на премиерот Алексис Ципрас веќе заостана со плаќањето на приближно две милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд, но и покрај тоа шефот на ЕЦБ, Марио Драги, очекува да ја добие должената сума. Неговиот оптимизам најмногу се темели на договореното премостено финансирање за Атина од страна на Еврогрупата, во вредност од 7,16 милијарди евра.

Премостеното финансирање, што ќе се обезбеди од Европскиот механизам за финансиска стабилизација (ЕМФС), треба да поддржи Грција до прифаќањето на третата спасувачка програма, што може да одземе неколку недели.

Се очекува Атина денеска да добие привремено финансирање за да може да ги исполни своите обврски кон ЕЦБ.