Грција денеска треба да го објасни планот за штедење

Владата во Атина до вечерва треба да им го објасни на министрите за финансии од еврозоната планот за мерки за штедење кој ако биде прифатен, ќе биде основа за продолжување на кредитната помош за Грција во следните четири месеци.

Премиерот Алексис Ципрас и неговиот коалициски кабинет се надеваат дека ќе ја убедат еврогрупата со ветување дека ќе се посветат на борбата против корупцијата и затајувањето данок.

Сите 18 држави од еврогрупата треба да добијат согласност од своите парламенти пред 28 февруари, кога истекува сегашниот план за финансиска помош на Грција за да се продолжи до крајот на јуни.

Грчкит премиер сака парламентот во Атина последен да гласа за сопствениот предлог пакет мерки.

Германски „Билд“ објави дека доколку Брисел ги одобри мерките Грција ќе добиде седум милијарди евра во рамки на борба против илегална трговија.

Засега не постои гаранција дека Ципрас ќе добиде зелено светло од Еврогрупата за дел мерки со кој се укинуваат строгите мерки за штедење, а тоа е ветеното зголемување на минималната заработувачка и малите пензии, заштита на домовите од запленување поради долгови и престанок на прриватизацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.