Балкан

Грција денеска враќа уште една рата на ММФ

Грција денеска враќа уште една рата на ММФ

Грција денеска ќе плати рата од 340 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд, пишуваат грчките весници.

Минатата недела Атина на ММФ му ја плати првата рата од 310 милиони долари за враќање на кредитот од 1,5 милијарди евра.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот „Имерсија“ информира дека в понеделник ќе бидат платени 580 милиони евра, а останатите 350 милиони на ММФ ќе му бидат префрлени околу 20 март.