Грција доби последна шанса за спас

По вонредната средба во Брисел, Грција доби уште една, последна шанса да направи спогодба со своите кредиторите и да го избегне „грекзитот“ (излези на земјата од еврозоната).

Атина има околу пет денови за тоа, кои според зборовите на Доналд Туск, ќе бидат всушност најкритичните во историјата на Европската унија. Ова значи дека Грција доби последна шанса за спас.

Во недела лидерите на земјите на ЕУ повторно ќе се соберат во Брисел и ако нема договор, веројатно тоа ќе биде моментот кога Грција ќе го отпочне процесот на излез од еврозоната. Напуштањето на зоната на единствената валута би било со нејасни последици за паричниот сојуз на ЕУ.

Неможам да ги исклучам црните сценарија. Тоа е најкритичниот момент во историјата на ЕУ и на еврозоната. Сите во еврозоната сакаат да постигнеме согласност, да нема победници и поразени. Ако не се договориме до одреден рок, преговорите ќе бидат сопрени, можен е и најлошиот излез, во таа смисла и банкрот и пад на банкарскиот систем на Грција, рекол Туск.

kriza-grcija-tusk-junker

Според него, тоа е најболната опција за Грците, со разновидна рефлексија, вклучително геополитичка, за цела Европа.

На вчерашната средба во Брисел било одлучено до утре наутро Атина да ги достави своите предлози за преговори за нова спасувачка програма. Потоа, за брзо време да биде оценето од ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, дали предлозите се остварливи и прифатливи.

Остануваме подготвени да го направиме неопходното за обезбедување на стабилноста на целата еврозона, дополнил Туск.

Европската комисија е подготвена за секаков развој на настаните, поврзан со Грција, вклучително и за напутање на земјата на еврозоната и на ЕУ, како и за давање на хуманитарна помош на Атина. Ако грчката влада не го стори тоа, што се очекува од неа, тогаш неможе да се спречи најлошото, изјавил претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Еврозоната има политичка воља да и’ даде уште една шанса на Грција, изјавил новиот грчки министер за финансии Евклидис Цакалатос, објавува „Франс Прес“.

Тој дополнил дека е постигнат напредок.

Грчката влада соопштила дека Атина е приложила предлози за кредиторите и дека во најкус можен рок ќе ги претстави. Во тие предлози треба да се обезбеди финансирање на земјата до крајот на јули, годинава, кога се очекува склучување на основната, трајна спогодба.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Атина се стреми кон краен исход на кризата со предлози за реформи во замена за помош. Тој дополнил дека предлозите ќе бидат презентирани до крајот на неделава, објавува „Ројтерс“.

– Дискусиите минаа во позитивна атмосфера. Процесот ќе биде брз. Ќе почне во следните часови, а ќе заврши до крајот на неделава, изјавил Ципрас по итната средба во Брисел.

Според Јункер, прашањето за преструктуирањето на грчкиот долг може да биде разгледан во октомври, годинава, ако пред тоа биде изработена нова програма за помагање на Грција во рамки на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ).

– Тоа прашање може да биде разгледано ако земјата ги исполнува сите свои основни задолжувања кон кредиторите, потенцирал Јункер.

Грција настојува да и’ бидат простени до 30 отсто од задолжувањата и да се продолжат роковите за исплата на останатиот дел. Долговите на Атина изнесуваат околу 315 милијарди евра, што претставува 175 отсто од бруто-домашниот производ на земјата.

Новинската агенција „Ројтерс“ објавува дека во следните два дена можно е грчките банки да се соочат со недостиг на пари, ако владата на склучи итна спогодба за обновување на финансиската помош, со меѓународните кредитори.

Банките во Грција се затворени од минатата недела, а клиентите можат да подигнат не повеќе од 60 евра на ден, но и покрај тоа резервите на пари брзо се намалуваат.