Грција доби уште 37,5 милиони евра за имигрантите

Европската комисија ѝ додели во средата дополнителни 37,5 милиони евра за подобрување на условите за прием на имигрантите во Грција.

Грчките власти ќе добијат 31,1 милиони евра за активности како здравствената грижа за мигрантите, преведувачките услуги и исхраната, како и за подобрување на инфраструктурата во приемниот центар во Филакио, соопшти ЕК.

Дополнителни 6,4 милиони евра и се доделуваат на Меѓународната организација за миграција (IOM), исто така, за подобрување на условите на прием на барателите на азил во Грција.