Грција ќе излезе од еврото, ако граѓаните кажат „не“ на договорот

Грција ќе излезе од еврото, ако граѓаните кажат „не“ на договорот

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави ќе биде тешко за Грција да остане во единствена валута ако Грците на претстојниот референдум го одбијат договорот на меѓународните кредитори, јави дописникот на МИА од Атина.

– Ако гласаат „не“ тешко ми е да замислам како тоа ќе биде во согласност со останување во еврозоната, бидејќи тоа ќе биде многу голем проблем. Но, грчкиот народ ќе одлучи, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Камерон за радио Би-Би-Си.

Тој додаде дека сака да се постигне договор меѓу Атина и на ЕУ, во интерес на стабилноста, велејќи дека кризата ја покажа потребата од поголема флексибилност на блокот.