Грција достави нова листа реформи до кредиторите

Утрово Грција достави нова листа со реформи до кредиторите, ЕУ и ММФ, само на еден пред разговорите на грчкиот премиер Алексис Ципрас со лидерите на Франција и Германија за начинот на завршување на грчката должничка криза, изјавија неименувани извори од ЕУ, пренесува Танјуг.

– Кредиторите сега се во фаза наразгледување на листата на контра-предлозите, кои беа доставени два дена откако претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер го обвини Ципрас дека не го исполнил ветувањето дадено на минатонеделниот состанок и му доставил на Брисел листа со алтернативни реформи, пренесува АФП.

Од ЕК за Ројтерс потврдуваат дека утрово пристигнал нов предлог од Грција.

Како што јавува британскиот весник Гардијан, официјална Атина во склоп на новата листа предложила европскиот спасувачки фонд, Европскиот стабилизационене механизам, да и пружи помош и да откупи 6, 7 милијарди евра вредни грчки обврзници во сопственост на Европската Централна банка кои доспеваат во јули и август.