петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 31

Грција е најлоша земја за младите помеѓу земјите членки на ЕУ

Грција е најлошата земја во ЕУ за младите, според првиот Европски Индекс за Интеграциска рамноправност, основан од Интеграциската тинк тенк фондација ситуирана во Обединетото кралство, пренесува Катимерини.

grcija

Последни вести

Грција е најлошата земја во ЕУ за младите, според првиот Европски Индекс за Интеграциска рамноправност, основан од Интеграциската тинк тенк фондација ситуирана во Обединетото кралство, пренесува Катимерини.

Според индексот, состојбите во Грција би можеле дополнително да се влошат доколку веднаш не бидат преземени мерки.

Во извештајот невработеноста на младите лица, забрзаното стареење на населението, трошоците за пензии и високиот број на издржувано население се наведуваат како причини зошто состојбата со младите во Грција е многу полоша во однос на онаа кај другите земји членки на ЕУ. Грција се наоѓа речиси на дното на листата која опфаќа 28 земји членки во однос на 13 општествени и економски индикатори.

Овие резултати треба да ги разбудат политичарите. Понмладите генерации систематски се обесхрабрувани. Неможеме да очекуваме младите да го носат товарот на популацијата која старее ако не им дадеме можност за образование, обуки, вештини и можности што им се потребни за да станат економски активни граѓано. Затоа во интерес на сите генерации е да се направи приоритет во трошењето за младите, вели основачот на Фондацијата, Ангус Хантон.

Најчитани вести