Еве зошто сите велат „должен како Грција“!

Еве зошто сите велат „должен како Грција“!

Сите очи деновиве се насочени кон Грција. Многумина се прашуваат што ќе се случи по референдумот за мерките на штедење и условите за меѓународна помош и дали евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе ја сруши заедничката европска валута, но кризата и долговите на оваа земја не се никаква новост.

Сите знаеме за поговорката „должен како Грција“, ретко кој знае дека првата должничка криза во земјата датира од многу одамна. Еве некои зачудувачки факти за финансиите на Грција.

1.Првата должничка криза ја имале во 4. век пред нашата ера. Тогаш тринаесет грчки градови-држави земале кредит од храмот во Делос. Повеќето од нив долгот никогаш не го вратиле, а храмот загубил 80 отсто од позајмените пари. Во тој период живееле Платон, Аристотел и Александар Македонски.

aristotel

2.Во модерна доба, 19. и 20. век Грците доживеале пет должнички кризи.

-1826. за време на војната за независност од Османлиското царство.

-1843. Кога престанале да го враќаат кредитот земен во 1832. потрошен на војската и одржување на власта на баварскиот принц Ото.

-1860.кога Грција поради банкрот е исфрлена од меѓународниот финансиски пазар до 1878. година

-1894. бидејќи една година порано престанала да ги плаќа ратите од 1878.

-1932. во време на Големата депресија, светската криза, која најтешко ја поднеле САД.

3.Во криза поминале, со прекини, 90 години, речиси половина од времето откако во 1830. се избориле за независност од Османлиското царство.

4.Корупцијата ја чинела Грција помеѓу 8 и 10 отсто од БДП-то на годишно ниво. Голем дел од тој процент отпаѓа на обичните граѓани во секојдневните активности.

5.Претприемачите даваат „повеќе од 100 отсто приходи“ за кредити. Секако, такво нешто е невозможно, па аналитичарите сметаат дека тие своите приходи не ги пријавуваат во полн износ.

grcija1

6.Речиси 50 отсто од младите се невработени. Вкупната стапка на невработеност изнесува 25,6 проценти.

7.Речиси 64 отсто од Грците на возраст помеѓу 18 и 34 години живеат кај своите родители.

8.Населението е старо-само 23,9 отсто од жителите се помлади од 24 години. Стапката на природен пораст е 1,3.

9.БДП-то на Масачусетс е поголем од грчкиот иако Грција е двојно поголема од оваа американска сојузна држава. Грчкиот БДП изнесува 242,2 милијарди долари, а на Масачусетс 420,75 милијарди долари.

10.Грција во моментот преживува криза поголема од онаа која САД ја преживеалњ на врвот од Големата депресија во триесетите години од 20. век.

11.Маслиновото масло е главен адут. Грција е трет произведувач на маслиново масло, по Шпанија и Италија, а произведува 300 илјади тона годишно. Речиси 90 отсто оваа количина се извезува во земјите од ЕУ. Интересно е дека некои од грчките стебла на маслинки се засадени уште во 13.век , а раѓаат и ден денес.

12.„Грците пушат како Турци“-потрошувачката на цигари по глава на жител е дури 2.975.

13.Првите олимписки игри биле повеќе од 1.250 години пред падот на Римското царство.