Балкан

Грција финансиски ќе „умира“ долго и мачно

Грција финансиски ќе „умира“ долго и мачно

Грчката драма нема да заврши со референдумот распишан за во недела, тврди американски „Блумберг Бизнис“, пренесува Нетпрес.

– Дури и ако Грците гласаат за новата програма за построга економја, претстојат нови внатрешни политички потреси по кои ќе следуваат мачни преговори со кредиторите. Брз излез од кризата едноставно нема, зошто правилата на ЕУ го отежнуваат обновувањето на преговорите за финансиска помош, објавува „Блумберг Бизнис, повикувајќи се на изјава на неиуменуван висок германски функционер.

Работите се комплицираат и поради прогнозите дека резултатот од референдумот ќе биде победа за едната или за другата страна, со минимална разлика.

Од Брисел до Берлин, оние кои предводат во политиката, детално ги проучуваат можните сценарија, според кои гласањето е само почетокот на драмата во контиунитет, а не нејзино финале. Тоа едноставно значи дека Грција финансиски ќе „умира“ долго и мачно.

Ако Ципрас и Варуфакис, кои го повикуваат грчкиот народ да гласа со „не“ за планот на кредиторите, бидат избламирани, тие ветуваат дека уште следниот ден ќе заминат за Брисел, за да потпишат спогодба.

Grcija kriza referendum
Исходот од референдумот неизвесен

Но, „Блумберг Бизнис“ прашува како е тоа можно, кога министерот за финансии, Јанис Варуфакис, јавно кажа дека попрво ќе си ја отсече раката, наместо да капитулира и да потпише една спогодба, која не ги преструктуира долговите на Грција?

Ако Грците кажат „да“ на референдумот, тоа може да доведе до паѓање на владата, а и самиот Варуфакис рече дека во таков случај нема да остане на функцијата министер за финансии. Ципрас, пак, лично најави дека во таков случај може да се случи да „фрли пешкир во рингот“, поточно да се повлече.

– Целиот чуден развој на настаните, по објавувањето на референдумот, очигледно ги натера грчките партнери од еврозоната да се стремат кон смена на режимот во Атина, смета американскиот експерт Џејкоб Каркгард.

Grcija krzia
Грците не сакаат да се вратат на драхмата

 

Една „смена на гардот“ во Атина, со цел зајакнување на довербата веројатно ќе го забрза процесот, сметаат германските пратеници и членови на владата.

Но, според нив, тоа нема да биде доволно.

Оценките на Меѓународниот монетарен фонд се дека Грција има потреба од најмалко 36 милијарди евра, и тоа само од еврозоната во текот на идните три години, како и олеснети услови за исплаќање на долгот.

– Тоа фактички значи „признание за неуспехот на програмата за спас“, смета портпаролот на грчката влада, Габриел Сакеларидис.

Најважното прашање е дали Германија, како земја основач на ЕУ и како најголем кредитор на Грција, е подготвена за грчкото напуштање. Дури и да остане отворена вратата за преговори по референдумот, Меркел вели дека „Грција веќе не претставува закана за иднината на Европа“.

– Ние можеме мирно да чекаме каква помош ќе побараат Грците. Надминувањето на должничката криза во Европа бара време и стоицизам, смета германскиот канцелар Меркел.

За Грција времето е луксуз, со кој таа не рапсолага, а резервите од готовина во грчките банки најверојатно ќе завршат идната недела, поточно денот по референдумот.