Грција: Фирмите што не издаваат фискални се соочуваат со затворање

Даночната администрација во Грција е сериозно загрижена поради се поголемото затајување и одбегнување на данок и тоа воглавно на туристичките дестинации, па затоа одлучија да активираат закон со кој се овозможуваат продолжени казни и привремено затворање на фирмите доколку го повторат делото, пишува „Катимерини“.

Генералниот секретар за јавни приходи Јоргос Пицилис, им најави на професионалните и работодавните асоцијации во средата дека неколку сериски повторувани нарушувања на даночната легислатива ќе резултираат со краткотрајни затворања, кои што сепак нема да го достигнат законскиот лимит од 30-дневен клуч на врата.

Тој додаде дека на оние што за прв пат за време на инспекциските проверки ќе бидат затекнати дека не издаваат фискални сметки ќе им биде дадена втора шанса, но ако го нарушат законот по втор пат ќе бидат затворени во период од 48 часа.

Секретеријатот исто така подготвува црна листа на корпорации со големи варијации. Затоа ако приходите во голема мерка варираат за време на деновите кога има инспекција во споредба со другите денови истите ќе бидат ставени на листата и ќе бидатподложени на повторени инспекции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.