среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Грција дозволи распоредување на Фронтекс за да избегне исклучување од Шенген

Грција дозволи распоредување на Фронтекс за да избегне исклучување од Шенген. Од наредната недела 400 припадници на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско – грчката граница и ќе помагаат при регистрацијата на бегалците и мигрантите.

grcija-migranti-1

Последни вести

Грција дозволи распоредување на Фронтекс за да избегне исклучување од Шенген. Ова е ставот на светските медиуми откако беше донесена одлуката 400 припадници на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско – грчката граница и ќе помагаат при регистрацијата на бегалците и мигрантите. Грција успеа да се спаси од заканата за суспензија од Шенген зоната, преку прифаќањето на распоредување на единиците на Фронтекс на границата, но што тоа ќе значи за Македонија?

По неколкудневните тензии на грчко – македонската граница на состанокот на ОБСЕ во Белград на кој присуствуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски беше донесена одлука за распоредување на Фронтекс на грчката граница. Според постигнатиот договор, војниците на Фронтекс од наредната недела на грчката граница со Македонија треба да помагаат во регистрацијата на бегалците и мигрантите.

Попоски: Конечното упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал

Министерот за надворешни работи…

Најчитани вести