Грција дозволи распоредување на Фронтекс за да избегне исклучување од Шенген

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски по состанокот на ОБСЕ изјави дека упатувањето на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите.

Попоски: Конечното упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал
Попоски: Конечното упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал

Конечното упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал. После долго убедување мислам дека тоа ќе помогне во надминување на тензиите кои постоеја во изминатиот период и конечно мислам дека ќе можеме да ја подобриме соработката со грчките власти, бидејќи присуството на  Фронтекс ќе значи помош и во делот на регистрирање и определување на натамошно процесуирање на мигрантите, изјави министерот Поповски.

Инаку, ваквата одлука на Грција дојде по заканите од страна на ЕУ дека Грција ќе треба да избере помеѓу суспензијата од Шенген зоната или распоредување на припадниците на Фронтекс.

Велиновска: Ако се согласевме Фронтекс да биде на наша страна тоа ќе значеше отцепување на јужниот дел на Македонија

Новинарката Мирка Велиновска во изјава за Нетпрес вели дека е добро тоа што единиците на Фронтекс ќе бидат распоредени на грчка територија, а не на македонска.

Велиновска: Ако се согласевме Фронтекс да биде на наша страна тоа ќе значеше отцепување на јужниот дел на Македонија
Велиновска: Ако се согласевме Фронтекс да биде на наша страна тоа ќе значеше отцепување на јужниот дел на Македонија

Грција е членка на НАТО и има своја одбранбена стратегија. Во одбранбената стратегија на Грција, Гевгелија е во Грција, грчка територија и легитимна цел (како она сега Ердоган што го прави во Сирија каде што се Туркмените). Ако ги распоредеа, ако нашите се согласеа, да бидат тука, на наша страна, во Гевгелија, тоа значи дека на Македонија веќе и границата и е поместена. Одзмена ни е територија од 35 километри и е дадена на Грција, односно под контрола на НАТО . На некоја будала очигледно такво нешто и текнало, незнам нашите како реагирале, но штом Грците се согласиле, очигледно им е укажано. Тука се фатени со симнати гаќи и НАТО и Запад и кој и да е креатор на ваквата идеја. Тоа значи креирање на грчката одбранбена воена стратегија и окупација, односно одземање на јужниот дел од Република Македонија. Во Стратегијата се вели во длабочина од 35 километри, вели Велиновска.

Ултиматум до Грција: Или Шенген или Фронтекс

Како што претходно…