Грција ги почна подготовките за баражот со Македонија

Противникот на македонската ракометн репрезентација за баражот за пласман на Светското првенство во Катар наредната година, селекцијата на Грција подоцна од планираноро ги започна подготовките за овој двомеч.

Селекторот на  Грција, Јоргос Карнакис, изврши првата прозивка, на која се појавија 21 ракометари, од кои само двајца интернационалци. Доцниот старт на подготовките е изненадување, ако се знае дека непосредно по дознавањето на противникот, изјави дека дуелот со Македонија претставува голема шанса за нивниот ракомет

На списокот на Карнакис  се најдоа следниве ракометари:

Анастасиос Пападионису, Дионисис Георгијадис, Александрос Алванос (АЕК Атина), Јоргос Масторогианис, Харалампос Малиос, Константинос Делегианис, Раџи Маранго, Харалампо Ананианис (Димоидис Аргус) Константинос Гургумис, Апостолос Паласкас (ПАОК), Димитрос Цирас, Ефстахиос Зампунис, Андреас Арапакопулос, Јоргос Георгиадис (Дукас), Христос Таскос (Трембле, Франција) Теодорос Евангелидис, Вирон Пападопулос (Емпор Рошток, Германија), Костас Григориадис, Акис Купраиос (Килкис), Костас Влахоѓоргус (Посеидон), Милтер Кристодопулос (Бајрон).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.