Грција ги тресе темелите на Европската унија

Грција ги тресе темелите на Европската унија

Доколку не дојде до драматична пресвртница која што би значела исплата на 1,6 милијарди евра што Грција ги должи на ММФ, следните седум дена, вклучувајќи го и неделниот референдум, ќе биде една од најзначајните недели во новата грчка историја.

Имено, граѓаните на Грција која е пред економски и монетарен колапс, во недела на 5 јули, на референдум ќе се изјаснат за барањата на „тројката“ (ММФ, Европска комисија и Европската централна банка), односно, за понудата која за Грција значи да продолжи со стегање на ременот, огромни мерки за штедење и зголемување на сиромаштијата во замена на нов пакет финансиска помош.

Во меѓувреме, помеѓу официјална Атина и Брисел вчера се водеа разговори за постигнување на договор за грчкиот долг. На состанокот, грчкиот премиер дал нов предлог за решение на должничката криза.

„Грчката влада предложи двегоодишен договор со Европски стабилизациски механизам за да во целост ги покрие своите финансиски потреби паралелно со реконструирање на долгот“, се наведува во краткото соопштение од кабинетот на Ципрас, каде што стои и дека Грција останува на преговарачката маса и дека Атина и понатаму сака да го задржи еврото.

Ципас, и претходно, на граѓаните им препорача да ги одбијат сите барања на „тројката“, што, пак, би предизвикало колапс на банките, драматичен пад на стопанството и економската активност, пад на куповната моќ на која и претходи девелвација, што за последица ќе има и понизок животен стандард. Ако се случи на референдумот Грците да се изјаснат „за“ договор со „тројката“, Ципрас ќе го распушти кабинетот и ќе поднесе оставка, па веројатно ќе бидат распишани предвремени избори.

Според аналитчарите, евидентно е дека ЕУ е влезена во длабока криза. Тие се едногласни дека Грција ги тресе темелите на Европската унија. Ова што се гледа е брутална коцкарска игра со огромни влогови на Грција, Германија, за концептот за штедење, за политиката на Меркел, ни  за Сиризза, како единствена крајно левичарска влада во Европа, која се спротивстави на неолибералните концепти. Политичките пследици на оваа игра се несогледливи.

Упатените во ситуацијата посочуваат дека од грчката криза произлегуваат две клучни прашања. Прво, на кој начин ЕУ понатаму ќе се однесува кон кризата, бидејќи факт е дека ЕУ не е подготвена за ситуацијата која не дојде преку ноќ, а второто е процесот на понатамошно проширување на ЕУ. Во долгорочна смисла, грчкото прашање е од пресудно значење за самиот опстанок на Унијата. Односно, прашање е дали Европа ќе биде повторно еден вид неолиберален пакт на јаглен и челик, или пакт на тројката? Дали таа Европа навистина ќе почива на темели на социјална правда?

Грчкиот долг во моментов изнесува 320 млијарди евра, од кои дури 78 отсто се однесува на „тројката“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.