Грција го одложи новиот тендер за продажба на гасната компанија ДЕПА

Грција ќе одржи новиот тендер за продажба на државната гасна компанија ДЕПА по 2014 година, поради барањата на Европската унија за либерализација на гасниот пазар. Ова го изјави директорот на Државниот фонд за приватизација на Грција, Јанис Емирис, пренесува „ИТАР-ТАСС“.

Шефот на Фондот, кој се занимава со продажба на државни активи, појасни дека причината за одложувањето на тендерот се барањата на ЕУ за внесување на регулационни промени во внатрешниот пазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.