Грција го поддржува Турски тек игнорирајќи го противењето на Брисел

Грција го поддржа својот енергетски досег кон Русија, игнорирајќи ги реакциите на Брисел, пишува грчкиот весник Катимерини. Како што јавува дописникот на “Нетпрес” од Атина, весникот информира дека гасоводот Турски тек за само неколку години ќе ја претвори
Грција во вистински енергетски канал што ќе го снабдува Европскиот континент, а тоа ќе има многу значајни политички и економски импликации.
“Ако Грција, а особено актуелната Влада, правило ги одиграат своите карти, овој гасовод на барање на Грција, би можел да снабдува преку два излеза истовремено. Првиот преку Македонија ( поврзувајќи ги Грција, Македонија, Србија и Унгарија ) и вториот преку подморска врска меѓу западна Грција и јужна Италија”, пишува “Катимерини”.
Грчките медиуми информираат дека почетокот на изградбата на гасоводот Турски тек во моментов се наоѓа во неизвесност, единствено поради тоа што сеуште не е потпишан меѓувладиниот договор меѓу Турција и Русија.
“Меѓувладиниот договор не е потпишан. Причината е тоа што едноставно таму нема Влада. Нашите партнери од Турција ќе ја формираат Владата, но сепак, тоа не е така едноставно”, изјави рускиот премиер Дмитри Медведев.
Грчките медиуми пренесуваат дека Медведев сепак изразил надеж дека политичките проблеми во Турција набрзо ќе бидат решени и дека потоа ќе се постигне и конечен договор со Русија за сите прашања, но и дека би било добро кога во гасоводот би се вклучила и Словенија.

ЕУ и понатаму прави притисок против Турски тек

Неодамнешената владина реконструкција во Грција и смената на министерот за енергетика се чини немаат ефект врз веќе потпишаниот договор за гасоводот со Русија.

При примопредавањето на функцијата, новиот грчки министер за енергетика Панос Скурлетис јасно порача дека Грција сеуште е дел од рускиот гасовод Балкански тек, додека неговиот претходник Панајотис Лафазанис нагласи дека ЕУ дури и во овој момент, прави притисок со цел спречување на проектот.

Преку Турски тек и кинеската железница Македонија остварува две тесни врски со БРИКС

Рускиот новинар и аналитичар Андреј Корибко во последното интервју за “Нетпрес” информира дека БРИКС Новата банка за развој изразува подготвеност да и асистира на Македонија во иднина, но условот за соработка со било која земја е таа да не е членка на ЕУ.
“Ова е монументално затоа што значи дека земјата конечно има економска алтернатива различна од ЕУ, но и дека Евро-Атлантската интеграција не е единствената форма на интеграција во светот. Соработката со земјите од БРИКС може да биде многу повеќе профитабилна за Македонија, но освен тоа, ќе биде зачуван и суверенитетот и идентитетот на земјата, со оглед на тоа што не западните земји никогаш нема да ве присилуваат да го менувате името како предулов за еднаква соработка. Македонија веќе има две тесни врски со БРИКС, преку потенцијалната соработка во рускиот проект за гасоводот Балкански тек, но и со кинескиот проект за високо-брзинска железница од Будимпешта до Пиреја, што ќе минува низ земјата”, изјави Корибко за “Нетпрес”.
Според него, реализацијата на овие два проекти ќе ја подигне Македонија на друго ниво, бидејќи комбинацијата од двете ќе ја претворат земјата во супер коридор за инвестиции кој што ќе и овозможи во иднина да стане геополитички поврзувач на целиот регион. Многумина, а меѓунив и Корибко, во изминатиов период изразија увреување дека зад аферата “Пуч” и нелегалното прислушување во Македонија стои токму Западот, со цел спречување на реализацијата на овие два клучни проекти.
Грчките медиуми претходно пишуваа дека опозицискиот лидер Зоран Заев ќе го закопа гасоводот Турски тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.