Грција го презема претседателството со ЕУ

Од денеска Грција официјално по петти пат го превзема претседавањето со Европскиот Совет. Педесет милиони евра е буџетот со кој што ќе располага оваа најзадолжена држава во Европа во наредните шест месеци, а на чии товар ќе биде и предизвикот за организирање на Европските избори во март. Накратко, приоритетите во рамките на грчкото претседателство се : промоција на политиките и активности за постигнување економски раст, борбата против невработеноста, унапредување економската и социјалната кохезија и структурни реформи како и решавање на надворешните предизвици.

„Проширувањето во целост како и проширувањето на Западен Балкан останува да биде на врвот на приоритетите на Грчкото претседателство“, изјави Димитрис Куркулас, заменик министерот за надворешни работи.
Во однос на Република Македонија, одамна се познати грчките црвените линии, поради кои државата неможе да го добие заслужениот датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија, иако нивните дипломати во Брисел силно лобираат одговрноста да ја префрлат и на остантите европски држави. Последен пример се очекувањата на известувачот во ЕП за Македонија Ричард Ховит.

„На нашите состаноци во Грција тие ме убедуваа, дека кога ќе го превземат преседавањето со Европската Унија, ќе постапуваат објективно и фер, без да го инволвираат нивниот личен билатералниот спор на бил кој начин. Ние ќе ги држиме за збор во врска со нивното ветување“, рече Ховит.

Инаку експертите генерално не очекуваат некој круцијални промени во внатрешната и надворешната политика на ЕУ за време на грчкото претседавање. Познатиот новионар Арис Шатисефону во своите колумни иронично коментира дека Грција со својот личен пример може само да им одржи лекција особено на новите европските држави, дека политиката на штедње во период кога државата има огромен јавен долг-може да доведе само до катастрофа на економски политички и социјален план-јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.