Економија,Балкан

Грција го продаде „Пиреја“ – парите се доволни за отплата на две недели долг

Грција го продаде „Пиреја“ – парите се доволни за отплата на две недели долг

И покрај кризата, атинското пристаниште Пиреја не престанува да создава профит со оглед на тоа дека прометот на туристи и стоки постојано се зголемува. Но, минатата седмица грчката влада потпиша договор за приватизација на ова пристаниште со кинеската група Коско Лимитед за вкупна цена од 368, 5 милиони евра во две фази.

Во првата фаза, кинеската компанија ќе плати 280, 5 милиони за да стане мнозински сопственик (т.е. споственик на 51 отсто од акциите), а во другата, ако во наредните пет години ги исполни сите услови од одговорот, како што е финансирањето на инвестиции во височина од 350 милиони евра, Коско ќе исплати дополнителни 88 милиони евра за да го зголеми бројот на акции на 67 отсто и со тоа да ја заклучи приватизацијата.

Грција од оваа приватизација нема да има голема корист, затоа што целокупната отплата за пристаништето ќе отиде за плаќање долгови. Во согласност со буџетот за 2016-та година, Грција треба да плати 6 милијарди само за камати, што значи дека тие 280, 5 милиони евра го покриваат долгот само за две недели.