Грција го продава пристаништето Пиреј

Грчката влада ќе го продаде својот дел од пристаништето Пиреј во наредните неколку дена, изјави заменикот на грчкиот премиер Јанис Драгасакис, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Владата на премиерот Алексис Ципрас кога ја презема власта во јануари вети дека ќе стави крај на болните мерки за штедење и на масовната приватизација, вклучително и на 67 отсто сопственост од пристаништето Пиреј.

Кинеската група Коско е една од петте компании кои се најдоа во потесниот избор во рамки на програмата за приватизација договорена од страна на претходната грчка влада.

– Коско и другите понудувачи може да дадат „доста конкурентна понуда“, изјавил Драгасаки за време на посетата на Кина.

Тој изјавил дека договорот ќе биде постигнат во наредните неколку недели, со незначително одложување поради промената на владата и додал дека фаворит помеѓу понудувачите е Коско.

Инаку, групацијата Коско веќе е на чело на две пристаништа во Пиреј, а како што рекол Драгасакис, Грција отпочнала тригодишна програма за соработка со Кина во рамки на која се реализираат големите проекти.